Škoda Rapid ја освои Red Dot наградата за дизајн на производ

35

skoda rapid-red-dot-design-awardsНовата Škoda Rapid се закити со престижната светска награда Red Dot за исклучителен дизајн на производот. Оваа меѓународна награда се доделува секоја година во рамките на светскиот натпревар за дизајн, каде се наградуваат најдобрите дизајни на новите производи, а Škoda Rapid е шести модел на Škoda кој ја добива наградата Red Dot. Изборот го направи стручно жири составено од 37 реномирани дизајнерски експерти, а оваа година за наградата аплицирале вкупно 4.662 нови производи од 54 земји, што воедно е и најголем број на апликации во историјата на Red Dot наградите.

Експертите од жирито секоја година спроведуваат тестови на новите производи и внимателно ги оценуваат според повеќе критериуми: нивното ниво на иновација, функционалност, ергономијата, долготрајност, еколошка компатибилност итн. За 2013 година, награди беа доделени во 19 различни категории.

Совршените пропорции, јасните и чисти линии на новиот Škoda Rapid ги освоија симпатиите на жирито, кое реши да му го додели врвното признание како потврда за неговиот исклучителен дизајн и квалитет. Rapid е првиот модел на Škoda што во 2012 го имаше новиот дизајнерски израз на брендот. Дизајнот е јасен, прецизен, свеж и емотивен. Покрај својот карактеристичен изглед, Rapid импресионира со многу простор, одличен сооднос цена/вредност, целосна опрема за безбедност и штедливи мотори. Овој компактен седан поставува стандарди во својата класа и може да се пофали со голем багажен простор од 550 литри.

Red Dot наградите за дизајн ќе бидат доделени во Алто театарот во Есен, Германија, на 1 јули 2013 година.