
Европските берзански индекси денес се во позитива, цените на златото повторно пораснаа на повеќе од 5.000 долари за тројанска унца, додека пазарите очекуваат прелиминарна „блиц“ проценка на инфлацијата во Еврозоната, која ќе биде објавена во 11:00 часот, како и неофицијални информации од компанијата ADP за вработеноста во Соединетите Американски Држави, најавени за 14:15 часот.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,04 проценти на 24.784,52 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 проценти на 8.222,72 поени, британскиот FTSE 100 за 0,63 проценти на 10.377,65 поени, московскиот MOEX за 0,58 проценти на 2.807,57 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,34 проценти на 49.240,99 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,84 проценти на 6.917,81 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,43 проценти на 23.299,19 поени.
Европските фјучерси за гас за март беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 33,2 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци, цената на суровата нафта се искачи на 63.583 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 67.536 долари.
Цената на златото се искачи на 5.083,05 долари за тројанска унца, а цената на пченицата падна на 5,2827 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,18290 долари, што е за 0,5 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











