Скок од над 113% на прометот на Берза во јули

48

Прометот на Македонска берза во текот на јули оваа година достигна вредност од 798.210.152 денари, што е скок од 113,44% во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Месечниот статистички билтен.

Пазарната капитализација во јули беше на ниво од 171.194.836.664 денари или 1,51% повеќе во однос на јуни. Пораст од 13,07% има кај вкупниот број на трансакции, што на крајот на јули се позиционираше на 1.427. Индексот МБИ10 достигна 3.886,12 поени или 1,69% повеќе во споредба со јуни.

Топ пет најтргувани акции на официјалниот пазар на берзата во јули беа акциите на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, ТТК Банка и НЛБ Банка.

Најголем пораст на вредност забележаа акциите на: Стопанска банка Скопје (8,71%), РЖ Услуги (5,56%), Окта Скопје (5,45%), Макошпед (5,37%) и Арцелормиттал Скопје ХРМ (5%).

На официјалниот пазар на Македонска берза, најголем пад имаа хартиите од вредност на: ЗК Пелагонија од Битола (-36,17%), ФЗЦ 11 Октомври Куманово (-8,75%),  Хотели Метропол Охрид (-7,16%), Стопанска банка Битола (-5,23%) и Бетон Скопје (-3,59%).

Фото: Pixabay