Скок од над 134% на продажбата на автомобили во Турција

49

Продажбата на автомобили и лесни комерцијални возила во Турција во август се зголеми за 134,5% во однос на истиот период лани, покажуваат официјалните податоци.

Минатиот месец во Турција се продадени вкупно 61.533 возила, што е зголемување во однос на 26.234 возила продадени истиот месец лани, информираат од Здружението на автомобилски дистрибутери.

Од јануари до август оваа година, пазарот на автомобили во Турција е зголемен за 68,4% на годишна основа со 403.002 возила.

Фото: Freepik