Скокна Еуриборот за прв пат по шест години

138

Еурибор – каматната стапка по која група европски банки си позајмуваат пари меѓусебно за прв пат од ноември 2015 година е во плус. Вредноста на шестмесечниот еурибор сега изнесува 0,009 отсто.

На почетокот на годината вредноста на 6M ЕУРИБОР беше -0,55, пред два месеци беше -0,36, а сега неговата вредност е 0,009. Последната позитивна вредност на 6M ЕУРИБОР беше на 09.11.2015 година кога изнесуваше 0,001 отсто.

Како се движеше Еуриборот

Според Euribor-rates.eu, 6M Euribor се врати во „плус“ на 6 јуни.

Забележливо е дека највисоките вредности на оваа каматна стапка се постигнати во текот на 2008 година.

Поточно, на 9 октомври 2008 година вредноста на 6 месечен еурибор изнесуваше 5,448 отсто.

Најниската вредност на 6M Еурибор е на 20 декември 2021 година, кога изнесувал -0,554 отсто.