Скокнаа цените на пченицата и златото

36

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пад, а цените на нафтата, златото и пченицата истовремено пораснаа.

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) вчера одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што каматната стапка на депозитите сега е 3,25 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 3,40 отсто, а каматата стапка на маргиналната кредитна линија 3,65 отсто.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот падна на 19.575,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.354,85 ​​поени, московскиот MOEX на 2.759,96 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 7.587,7 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 43.239,05 поени, вредноста на индексот Nasdaq на 18.373,61 поени, додека индексот S&P 500 благо падна на 5.841,47 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.594 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.718 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39,515 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.707,35 долари за унца, а цената на пченицата на 5,9349 доалри за бушел (бушел изнесува 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на долатот изнесува 1,08387, што е исто како и во четвртокот.