Скокни во Халквантура е новата голема наградна игра наХалкбанк и Mastercard,која на сите нови и постојни клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на Jeep Compass како главна награда.
Наградната игра веќе започна, а истата е предвидено да трае сѐ до 31 декември, по што ќе биде извлечен добитникот на атрактивната награда Jeep Compass, како и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари.
“По минатогодишната наградна игра која забележа огромен успех во јавноста, одлучивме да ја продолжиме традицијата, па и оваа есен на нашите клиенти им нудиме вредни изненадувања закористењето на услугите на Халкбанк. Правилата за учество се навистина едноставни, односно со 10 трансакции со картичките Mastercard на Халкбанк и со користење уште 2 други услуги на банката, учесниците влегуваат во трката за главната награда. На овој начин, тие не само што имаат можност да уживаат во привилегиите на најдоброто банкарство, туку стануваат и потенцијални добитници на атрактивни награди во една необична авантуристичка наградна игра“, изјави Атила Селим, директор на Дирекција за алтернативни канали на дистрибуција – маркетинг.
Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, клиенти на Халкбанк, кои ќе направат најмалку 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, се корисници на минимум две од услугите: приматели на плата или пензија преку Халкбанк, дозволено пречекорување на трансакциската сметка, кредити, депозити, полиси за осигурување, електронско банкарство или, пак, услугата СМС-инфо.
Во наградната игра учествуваат трансакциите направени со која било кредитна или дебитна картичка Mastercard, односно Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк, а за квалификување во играта, учесниците треба да пополнат Изјава за согласност на официјалната веб-страница на Халкбанк, со што ќе биде потврдено нивното учество.
Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк>>>, a повеќе информации за услугите на Халкбанк клиентите можат да најдат на веб-страницата www.halkbank.mk