Скопје домаќин на првиот балкански претприемачки самит

147

Скопје денеска е домаќин на првиот Балкански претприемачки самит, што има за цел да ги обедини претприемачите од регионот.

“Ова е прв Балкански претприемачки самит, што за прв пат се организира во Македонија. Се надевам дека ќе поттикне многу шанси за развивање на претприемачкиот дух во земјава”, рече Аријана Коскарова од Creative hub, пред почетокот на настанот.

Целта на самитот е на едно место да се обединат бизнисмени од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија за да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите.

“Имаме навистина добри показатели, но нашиот најголем предизвик за иднината ќе биде развивање и менаџирање на талентот, човечкиот капитал и ние посветено работиме за зголемувањето на продуктивноста преку инвестирање во образованието, знаењето, вештините и специјализациите во образованието. Имаме конкретни мерки за поддршка на претприемништвото. Преку оперативниот план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот го охрабруваме започнувањето на сопствен бизнис. Само од 2018 година наменети се околу шест милиони евра или 364 милиони денари”, рече премиерот Зоран Заев.

Овој самит е наменет за претставници на бизнис секторот,  претприемачи, кои сакаат да развијат соработка или пак заедно да делуваат како дел од балканскиот бизнис сектор.

Самитот е во организација на Creative Hub и Стопанската комора на Македонија.