Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија

81

На 23ти и 24ти ноември, Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија во организација на Фондација Претприемачки Сервис за Млади и Фондација за Менаџмент и индустриско истражување.

Конференцијата ќе биде проследена и со меѓународни билатерални состаноци со цел да се поттикне синергија и соработка за истражување и развој во доменот на циркуларна економија.

Теми на конференцијата

  • Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан
  • Стратегии за циркуларни градови
  • Успешни приказни на проекти и компании
  • Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии

Целни учесници

  • Мали и средни компании, универзитети, центри за истражување и развој, организации и асоцијации и владини институции со решенија за циркуларна економија.

Зошто да се учествува?

  • Осврт на циркуларни решенија, стратегии и проекти
  • Вмрежување со најиновативните актери
  • Партнерство за идни нови бизниси и можности за истражување и развој

Конференцијата може да ја следите во живо или онлајн.

За учество потребно е да се регистрирате на https://go-circular.b2match.io/.