Скопје ќе стане дигитален град со паметно осветлување

69

Македонски Телеком го доби тендерот од Град Скопје за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град.

Договорот е склучен на 13-ти овој месец, а проценетата вредност на набавката со вклучен данок е 401.200.000 денари.

Во набавката се вклучени: електрични машини, апарати, опрема, потрошен материјал, осветлување и услуги за инсталирање (освен софтвер).

Фото: Pixabay