Скопје Сити Мол го слави вториот роденден

135

siti mol rodenden

На четврти октомври, Skopje City Mall ќе го прослави својот роденден со првата “rooftop” забава досега организирана во Република Македонија.

Програмата предвидува целодневна забава за сите возрасти, која ќе финишира како што доликува – со огромна забава во знакот на вториот роденден на најголемиот шопинг центар во државата, уникатната прослава ќе ги обедини модата и одличната музика – со почеток во 20 часот, петтото ниво на катната гаража ќе го освојат топ модели од целиот Балкан како дел од еклузивно модно шоу со модели на брендовите присутни во молот. Од 22 часот, Skopje City Mall подарува концертен настап на Кирил Џајковски и ТК Вондер за сите граѓани.

Slavime Rodenden Grafika

“Skopje City Mall, по повод прославата на вториот роденден, реши да ја направи првата „забава на покрив” досега организирана кај нас. Утрото е резервирано за најмладите, за кои е предвидена забавна програма. Главниот настанот ќе започне со еклузивно модно шоу на која ќе чекорат дел од најубавите топ модели од балканските држави. За првпат, ограничен број пријатели на молот ќе имаат можност да проследат модно шоу според светските стандарди. Потоа, влезовите на катната гаража се отвораат за сите посетители кои ќе можат да се присуствуваат на концерт на Џајковски и ТК Вондер. Дополнително, Skopje City Mall ќе работи до 00:00 часот, а предвидени се и многу попусти од закупците. Во Сабота славиме роденден, и ги каниме сите заинтересирани да ни се придружат”, изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.

Уникатната прослава ќе ги обедини модата и одличната музика – детската програмата ќе започне во 12 часот, додека со почеток во 20 часот, петтото ниво на катната гаража ќе го освојат топ модели од целиот Балкан како дел од еклузивното модно шоу со модели на брендовите присутни во молот. Од 22 часот, Skopje City Mall подарува концертен настап на Кирил Џајковски и ТК Вондер за сите граѓани, кој ќе трае до полноќ.