Скопје Сити Мол со огромни јануарски намалувања

24

popusti

Во првиот месец од новата година, Скопје Сити Мол се придружува на трендот на постпразнични намалувања и распродажби. Како што доликува на најголемиот шопинг центар во Републиката, Скопје Сити Мол на посетителите им овозможува вистинско шопинг уживање со попусти и до 70% кај закупците.

“Водени од желбата да излеземе во пресрет на желбите на посетителите, се определивме за специјални намалувања и попусти кај голем дел од закупците, кои достигнуваат и до 70% попуст на артиклите. Она што порано, но и денес често го бараме во соседството, го имаме во Скопје Сити Мол – намалени цени, попусти на производи и пред се врвна понуда на брендови”, изјавија од Скопје Сити Мол.