Скопје vs Барселона

56

Шпанскиот град Барселона и нашиот главен град ги делат околу 1.500 километри, а со помош на Numbeo ќе направиме анализа за ценовна “оддалеченост“ на двата града.

Една шолја капучино и шише вода од 0,33 литри во Барселона ќе ве чинат 1,67 евра за кафето и 1,27 за водата. Кај нас, пак, за шолја кафе ќе ви наплатат околу 1,38 евра или 31% поевтино, а за водата 0,76 евра или 66% помалку во однос на Барселона.

Еден килограм јаболка во супермаркет во Скопје има просечна цена од 0,75 евра, а во Барселона достигнува 1,72 евра или 129% поскапо. Исто толкава разлика има и меѓу цените на килограм кромид, којшто во Скопје чини 0,53 евра, а во шпанскиот град е 1,23 евра. Над 119% има кај цената на цигарите, па така една кутија во Скопје се продава за околу 2,28 евра, а во Барселона околу пет евра.

Ако имате потреба од јавен превоз, билет за едно возење во Скопје ќе платите за 0,57 евра, а во Барселона 2,15 евра или 277% повеќе. Почеток на такси услуга во Скопје е 0,65 евра, додека во Барселона ќе ви наплатат 284% поскапо или 2,50 евра.

Доколку сакате да бидете потстанар во Барселона и сакате да живеете во стан со една спална во централното градско подрачје, тоа ќе ве чини 962 евра. Исто таков стан во центарот на Скопје се изнајмува за 231 евро месечно или 315% поевтино во споредба со Барселона.

Просечната нето плата во Барселона достигнува 1.436 евра, што е 269% повеќе во однос на нето платата во Скопје што е 388 евра.

Фото: Pixabay