Словачката престолнина од нашиот главен град е оддалечена околу 760 километри, а со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените во двата града.
Оброк во ресторан за брза храна кај нас чини околу 3,25 евра, додека во Братислава цената е околу шест евра или 84% поскапо. Газиран пијалак во ресторан или кафуле во Скопје има цена од околу 1,27 евра, а во Братислава 47% повеќе или 1,61 евро.
Литар млеко во маркет во Скопје се продава за околу 0,84 евра, додека во словачката престолнина има просечна цена од 0,75 евра или 10% поевтино. Килограм јаболка во нашиот главен град имаат цена од 0,75 евра, а во Братислава се 116% поскапи или 1,62 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас чини 0,43 евра, а во Братислава 37% повеќе или 0,60 евра.
Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје чини 0,57 евра, а во словачкиот главен град 0,90 евра, што е за 58% повеќе.
Една минута разговор во припејд во Братислава е 7% поевтин од кај нас и чини 0,09 евра, во споредба со 0,10 евра колку што плаќаме во Скопје.
Изнајмување на стан со една спална надвор од центарот на нашиот главен град чини 169 евра, а во атарот на Братислава 182% повеќе или 478 евра.
Над 169% има разлика во просечната месечна нето плата во двата града. Па така, во просек вработен во Скопје има нето плата од 388 евра, а во Братислава 1.047 евра.
Фото: Pixabay