Скопје vs Џакарта

106

Ако сте во Скопје, а сакате да ја посетите индонезиската престолнина, ќе треба да поминете пат од над 10.000 километри. Џакарта, град што е синоним за мешавина од различни култури, и нашиот главен град се наша споредба со помош на Numbeo.

На пример, за ручек во скап ресторан во Скопје треба да одвоите 5,69 евра, додека во Џакарта за тоа е 57% поевтино или ќе чини 2,44 евра. Лименка газиран сок од 0,33 литри во Скопје се продава за 1,27 евра, додека во Џакарта цената му е за 52,94% пониска или 0,60 евра.

Векна од половина килограм леб во маркет во Скопје има цена од 0,48 евра, додека во главниот град на Индонезија е 122% поскап, односно 1,06 евра. Килограм ориз во Скопје има просечна цена од околу едно евро, додека оваа житарка во Џакарта е 15,69% поевтина или 0,84 евра. Голема разлика има кај цените на јаболката, па така кај килограм од ова овошје чини 0,75 евра во просек, а во Џакарта 2,67 евра. Едно шише просечно вино во нашиот главен град има просечна цена од 4,88 евра, а во Џакарта 22,44 евра или 359%.

Кога станува збор за цени во локалниот транспорт, билет во еден правец кај нас чини 0,57 евра, а во Џакарта е поевтин за над 60% или 0,22 евра.

Во просек, месечните трошоци за струја, вода, ладење, греење.. во Скопје се околу 107 евра, а во Џакарта 14% пониски или 92 евра.

Месечни трошоци за приватна градинка за едно дете во Скопје се движат околу 178 евра, додека во Џакарта за таа намена родителите имаат трошоци пониски за 32% или околу 119 евра.

Изнајмување стан со три спални соби во центарот на Скопје има просечна цена од 402 евра, а во Џакарта 227% повеќе 1.318 евра.

Кај просечната месечна нето плата нема некоја голема разлика. Таа во Скопје е 389 евра, а во Џакарта 1,7% помалку или 382 евра.

Фото: Pixabay