Дубаи е најголемиот, но и најпопуларен град во Обединетите Арапски Емирати (УАЕ) и е главен град на емиратот Дубаи. Во последните години е магнет за безброј туристи од целиот свет поради она што го нуди овој град. Од Скопје Дубаи е оддалечен околу 4.800 километри, но има и многу разлики во стандардот и начинот на живот, според Numbeo.
Пиво од половина литар во локален ресторан во Дубаи просечно чини 11 евра, што во споредба со цените кај нас од околу 1,63 евра, е разлика од 576%. Ако сте во некое кафуле во Дубаи, за шолја капучино ќе треба да платите 4,52 евра, наспроти 1,35 евра во Скопје.
Еден килограм јаболка во маркет во Дубаи чини над две евра, а кај нас е над 174% поевтино и се продава по 0,75 евра. Голема разлика во цените има и кај марулите од над 400%. Кај нас овој зеленчук за салата во просек чини 0,32 евра, а во Дубаи 1,66 евра.
Кога се работи за транспорт, жителите и туристите на Дубаи за старт на такси услуга треба да одвојат 2,93 евра, а кај нас 351% помалку или 0,65 евра. Единствено, но и очекувано, литар бензин во Дубаи е 0,57 евра, додека кај нас просечната цена му е околу 1,1 евро.
Голема разлика во цените има и кај интернетот, којшто кај нас е околу 15,85 евра, а во Дубаи за негово користење се плаќа 462% повеќе или 89,19 евра.
Околу 200% се повисоки цените на приватните градинки и основни училишта за деца. Па така, приватна градинка за еден месец родителите во земјава ги чини околу 178 евра, а во Дубаи околу 525 евра.
Дубаи е своевидна “мека“ за недвижнини, па има и огромна разлика во цените од оние што се кај нас. На пример, изнајмување на стан со една спална соба во центарот на Скопје чини околу 229 евра, а во Дубаи “само“ 518% поскапо или 1.421 евро.
Но, и кога се зборува за стандардот на населението, се гледа огромна разлика. Просечната месечна нето плата во Скопје е околу 389 евра, а во Дубаи 583% повисока, односно 2.662 евра.
Фото: Pixabay