Единбург е главен град на Шкотска уште од 15 век. Денес тој е дом на шкотскиот Парламент, седиште на многу државни институции како Националниот музеј на Шкотска, Националната библиотека на Шкотска, шкотската Национална галерија, а во него се наоѓа и една од палатите на Монархијата Палатата Холируд (Holyroоd Palace), палата во којашто и денес кралицата Елизабета II и нејзината фамилија престојуваат кога се во Единбург.
Скопје е оддалечено од Единбург 2.351 километри, а со помош на Numbeo, правиме паралела меѓу трошоците за живот во Скопје и Единбург.
Оброк во ресторан за двајца кај нас чини околу 16,26 евра, додека во Единбург цената е околу 64 евра. Шише вода во Скопје има цена од околу 0,76 евра, а во шкотскиот град е 1,05 евра. Пиво од домашно производство чини 1,62 евра во Скопје, додека во Единбург е 4,67 евра. Шолја капучино во Скопје чини 1,37 евра, а во Единбург 3,12 евра.
Литар млеко во маркет во Скопје се продава за околу 0,84 евра, додека во шкотскиот град има просечна цена од 1,04 евра. Килограм јаболка во нашиот главен град имаат цена од 0,75 евра, а во Единбург треба да се одвојат 1,94 евра. Домати во маркет во Скопје може да купите по цена од околу 0,86 евра, а во Единбург ќе платите 2,24 евра.
Изнајмување на стан со една спална надвор од центар на градот во Скопје чини 167 евра, а во Единбург 718 евра.
Просечната плата во Скопје изнесува 389 евра, а во шкотската престолнина е 2.211 евро.
Фото: Pexels