Скопје vs Хонг Конг

70

Хонг Конг оваа година се најде на врвот на листата на најскапи градови во светот. Во него има најмногу згради повисоки од 150 метри од било кој друг град, а живеат повеќе од седум милиони жители.

Од Скопје, Хонг Конг е оддалечен околу 8.580 километри, но има и многу разлики во стандардот и начинот на живот, според Numbeo.

Пиво од половина литар во локален ресторан во Хонг Конг просечно чини 5,78 eвра, a  кај нас од околу 1,63 евра. Ако сте во некое кафуле во Хонг Конг, за шолја капучино ќе треба да платите 4,13 евра, наспроти 1,35 евра во Скопје.

Еден килограм јаболка во маркет во Хонг Конг чини 2,98 евра, а кај нас се продава по 0,75 евра.

Кога се работи за транспорт, жителите и туристите на Хонг Конг за старт на такси услуга треба да одвојат 2,77 евра, а кај нас 0,65 евра.

Хонг Конг е своевидна “мека“ за недвижнини, па има и огромна разлика во цените од оние што се кај нас. На пример, изнајмување на стан со една спална соба во центарот на Скопје чини околу 229 евра, а во Хонг Конг 2.006 евра.

Но, и кога се зборува за стандардот на населението, се гледа огромна разлика. Просечната месечна нето плата во Скопје е околу 389 евра, а во Хонг Конг 2.300 евра.

Фото: Pexels