Скопје vs Карлови Вари

361

Малото гратче Карлови Вари, коешто се наоѓа 130 километри западно од Прага, надалеку е прочуено поради геотермалните извори на кои се изградени прекрасните бањи.

Скопје од овој град во Чешка е оддалечен 1.127 километри, а со податоците на Numbeo ќе ги анализираме разликите во цени во овие два европски града.

Ако сакате да ручате во ресторан во Карлови Вари за тоа ќе треба да платите околу 19 евра, а ако сакате тоа да го направите во Скопје ќе ве чини околу 16 евра. Шолја капучино во ресторан или кафуле во нашиот главен град ќе ви го наплатат околу 1,37 евра, а за тоа исто такво кафе во Карлови Вари ќе треба да платите 1,76 евра.

Литар млеко во супермаркет во Карлови Вари е 0,74 евра, додека во Скопје има просечна цена од 0,83 евра. Еден килограм домати кај нас има просечна цена од 0,86 евра, додека во Карлови Вари чини 1,77 евра. Пиво од половина литар, од домашно производство, во Скопје е околу 1,62 евра, а во Карлови Вари 1,37 евра.

Месечен билет за јавен транспорт во Скопје има просечна цена од 24,02 евра, а во Карлови Вари чини 15,70 евра.

Стан во централно градско подрачје во Карлови Вари се продава по цена од 1.243 евра за метар квадратен, а во Скопје 1.228 евра.

Просечната месечна нето плата во Карлови Вари е 839 евра, а во Скопје 388 евра.

Фото: Youtube