Скопје vs Лисабон

280

Нашиот главен град од португалската престолнина е оддалечен 3.568 километри. Со помош на податоците на Numbeo ќе направиме споредба во трошоците на живот во Скопје и Лисабон.

Па така, целосен оброк за двајца во ресторан во Скопје чини околу 16,24 евра, додека во Лисабон ќе треба да се плати 35 евра. Една шолја капучино во кафуле во Скопје има просечна цена од 1,35 евра, а во Лисабон чини 1,49 евра. Во истото тоа кафуле или ресторан, ако порачате вода од 0,33 литри, во Скопје ќе ви наплатат 0,78 евра, а во главниот град на Португалија едно евро.

Еден литар млеко во маркет во Скопје е 0,83 евра, додека во Лисабон се продава по просечна цена од 0,65 евра. Килограм јаболка во нашите маркети чини 0,74 евра во просек, додека во Лисабон достигнува цена од 1,50 евра.

Билет за едно возење со локален превоз во Скопје чини 0,57 евра, во Лисабон 1,50 евра. Старт на такси услуга кај нас е околу 0,65 евра, а во Лисабон чини 3,45 евра.

Изнајмување стан во центарот на градот со една спална соба кај нас е околу 228 евра, а во Лисабон е 883 евра. Кога станува збор за купување стан во централното градско подрачје, кај нас просечната цена е 1.225 евра за метар квадратен, а во Лисабон изнесува 4.210 евра.

Просечната месечна нето плата кај нас е околу 389 евра, во Лисабон околу 922 евра.

Фото: Pexels