Скопје vs Лондон

122

Скопје е главен град на нашата земја, а Лондон е метропола на Велика Британија. Иако се работи за две метрополи, постојат големи разлики меѓу нив. Со помош на Numbeo, правиме паралела меѓу трошоците за живот во Скопје и Лондон. Точно е дека Лондон важи за еден најскапите градови за живот, но убаво е да се направи споредба.

На пример, ако престојувате во Скопје и сакате да ручате во просечен ресторан, за тоа ќе ви бидат потребни околу 5,69 евра. Но, ако ја имате истата потреба ако сте во британската престолнина, за ручек во ресторан ќе треба да одвоите околу 17,4 евра.

Ако се најдете во маркет во Скопје и сакате да купите млеко, тогаш еден литар ќе ве чини 0,83 евра, додека во Лондон цените на литар млеко се повисоки за 25% – околу 1,12 евра. Меѓу производите коишто имаат најголема разлика во цени се оние на цигарите. Па така, една кутија од 20 цигари во земјава чинат околу 2,28 евра, а во Лондон 12,80 евра или 82,22% поскапо.

Кога се работи за транспортните услуги, и во тој дел има голема разлика во цените, а најголема е еден час да ве чека такси возило во нормална тарифа. За оваа услуга во Скопје треба да платите 4,88 евра, а во британската престолнина 91,62% повеќе или 58,20 евра.

Интернетот во Лондон (36,22 евра) е за 56% поскап одошто во Скопје (15,86 евра).

Ако имате желба да погледнете добар филм во кино, за таа активност во Лондон треба да платите една карта од 13,97 евра, а во Скопје само 4,07 евра или 70,90% поевтино.

Големи разлики има во цените што се плаќаат за престој на децата во приватни детски градинки. Па така, родители кои ќе одлучат да го однесат своето дете во приватна градинка во Скопје, треба да платат 178 евра месечно, додека за таа цел во Лондон ќе треба да одвојат 1.546 евра.

Во однос на облеката, еден пар фармерки во Скопје може да се купат по просечна цена од 51,09 евра, додека за џинс во Лондон треба да одвоите 35% повеќе или околу 79 евра.

Ако сакате да изнајмите стан со една спална соба во центарот на Лондон, за тоа треба да одвоите мало “богатство“, односно 1.951 евро. За ист таков простор во Скопје ќе треба да се плати 228 евра месечно.

Фото: Pexels