Скопје vs Манила

170

Скопје од главниот град на Филипини, Манила, е оддалечено околу 9.692 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените.

Па така, оброк за двајца во ресторан во Скопје е околу 16,25 евра, а во Манила 17,72 евра. Шолја капучино во ресторан во нашиот град е околу 1,36 евра, а во Манила 2,30 евра.

Килограм јаболка во маркет во Скопје имаат просечна цена од 0,74 евра, а во главниот град на Филипини 2,03 евра. Еден килограм портокали во Скопје може да се најдат по цена од 0,86 евра, а во Манила по цена од 1,63 евра. Шише вода од 0,33 литри кај нас чини 0,75 евра, а во Манила 0,35 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје има цена од 0,57 евра, а во филипинскиот град чини 0,35 евра. Еден литар гориво во нашиот град има просечна цена од 1,10 евра, а во Манила е поевтино и се продава за 0,94 евра.

Изнајмување на стан со три спални надвор од центарот на градот кај нас е околу 280 евра месечно, додека во Манила 454 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата, којашто кај нас е 390, а во Манила изнесува 352 евра.

Фото: Youtube