Кинеската престолнина од нашиот главен град е оддалечена околу 7.520 километри, а подолу ќе видиме колку сме оддалечени со цените со помош на Numbeo.
Ручек во скап ресторан во Скопје во просек чини околу 5,28 евра, додека во Пекинг за тоа треба да се одвојат 26% помалку пари или околу 3,89 евра. Доколку во ресторан во Скопје порачате шолја капучино, ќе платите околу 1,36 евра, а во Пекинг 196% поскапо или нешто над четири евра.
Векна леб од половина килограм во маркет во Скопје чини 0,47 евра во просек, додека во Пекинг има цена повисока за 228% или околу 1,55 евра. Килограм сирење кај нас има просечна цена од околу 5,32 евра, а во кинеската престолнина 180% поскапо или околу 14,93 евра.
Кога се во прашање транспортните услуги, билет во еден правец кај нас чини околу 0,57 евра, додека во Кина е нешто над 8% поевтин или 0,52 евра. Старт на такси услуга кај нас е околу 0,65 евра, додека во Пекинг е 159% поскапо или 1,68 евра.
Еден литар бензин во Скопје се точи по цена од 1,10 евра, а во Пекинг е поевтин за околу 15,85% и чини 0,92 евра.
Во Пекинг месечните трошоци за греење, ладење, вода, струја… се 48% пониски од кај нас и чинат околу 55 евра, додека кај нас се 107 евра. Една минута разговор во припејд кај нас е 73% поскапа, бидејќи чини 0,10 евра, а во Пекинг само 0,03 евра.
Приватна детска градинка кај нас има просечна цена од 177 евра, додека во Пекинг просекот е 235% повисок или 596 евра.
Недвижнините во Пекинг имаат изразено повисоки цени од кај нас. Па така, изнајмување стан во центарот на градот во Скопје е околу 229 евра, а во Пекинг 309% поскапо или 939 евра. Доколку некој сака да купи стан во Скопје во централното градско подрачје, за тоа ќе треба да одвои околу 1.227 евра за метар квадратен. Во Пекинг за истите услуги ќе треба да се плати 980% повеќе или околу 13.264 евра за метар квадратен.
Разлика од 182% во корист на жителите на Пекинг има кај просечната исплатена нето плата. Кај нас таа во просек е 391 евро, а во Пекинг 1.103 евра.
Фото: Pixabay