Скопје vs Сан Франциско

55

Скопје од Сан Франциско е оддалечено околу 10.412 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените.

Целосен оброк за двајца во ресторан во Скопје е околу 16,25 евра, а во Сан Франциско изнесува 72 евра. Шолја капучино во ресторан во нашиот град е околу 1,36 евра, а во калифорнискиот град чини 4,09 евра.

Килограм јаболка во маркет во Скопје имаат просечна цена од 0,74 евра, а во Сан Франциско чинат 4,06 евра. Еден килограм портокали во Скопје може да се најдат по цена од 0,86 евра, а во Сан Франциско треба да платите 3,61 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас чини 0,43 евра, а во Сан Франциско е 1,85 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје има цена од 0,57 евра, а во калифорнискиот град се издвојуваат 2,48 евра. Еден литар гориво во нашиот град има просечна цена од 1,10 евра, а во Сан Франциско е поевтин и се продава за 0,95 евра.

Изнајмување на стан со три спални надвор од центарот на градот кај нас е околу 280 евра месечно, додека во Сан Франциско изнесува вртоглави 4.325 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата, којашто кај нас е 390, а во Сан Франциско дури 6.700 евра.

Фото: Pixabay