Скопје vs Сиднеј

321

Над 15.500 километри ги делат Скопје и Сиднеј, а со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа за ценовната “оддалеченост“ на овие два града сместени на двата краја од светот.

Вкупен оброк со три јадења во ресторан во Скопје има просечна цена од 16,25 евра, додека во австралискиот град е 232% поскапо или 53,96 евра. Ако во истиот ресторан, порачате вода од 0,33 литри во Скопје ќе ви наплатат 0,76 евра, а 1,68 евра или 119% повеќе во Сиднеј.

Леб од половина килограм во маркет во Скопје се продава по просечна цена од 0,48 евра, а во Сиднеј е 285% поскап и има цена од 1,83 евра. Еден килограм компири во маркет во Скопје достигнуваат просечна цена од 0,50 евра, а во Сиднеј 310% повеќе или 2,03 евра. Една кутија со 20 цигари кај нас има цена од околу 2,27 евра, а во Сиднеј е 762% поскапа и чини 19,62 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт, во македонската метропола е 0,57 евра, а во Сиднеј 374% поскапо или 2,70 евра. Еден литар бензин во Скопје достигнува 1,10 евра, што е 18% поскапо во однос на цената на бензинот (0,90 евра) во Сиднеј.

Месечните режиски трошоци (за греење, ладење, струја, смет за стан од 85 метри квадратни) во Сиднеј се 112 евра или само 4% повисоки од оние кај нас, коишто се движат околу 108 евра.

Приватна градинка за едно дете за еден месец во Сиднеј е околу 1.338 евра, за разлика од кај нас каде што чини 175 евра или 662% помалку.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на Скопје е 233 евра, а во Сиднеј 570% повеќе или 1.565 евра. Кога се работи за купување сопствен стан, во центарот на Скопје еден метар квадратен е 1.230 евра, а во Сиднеј дури 568% поскапо, односно 8.232 евра.

Разлика од 684% има кај просечната месечна нето исплатена плата, којашто во Скопје е 387 евра, а во Сиднеј 3.041 евро.

Фото: Pixabay