Скопје vs Сочи

55

Нашиот главен град од рускиот град Сочи е оддалечен 2.454 километри. Со помош на податоците на Numbeo ќе направиме споредба во трошоците на живот во Скопје и Сочи.

Па така, целосен оброк за двајца во ресторан во Скопје чини околу 16,24 евра, додека во Сочи ќе треба да се плати 32 евра. Една шолја капучино во кафуле во Скопје има просечна цена од 1,35 евра, а во Сочи чини 2,09 евра. Во истото тоа кафуле или ресторан, ако порачате вода од 0,33 литри, во Скопје ќе ви наплатат 0,78 евра, а во рускиот град чини 0,55 евра.

Еден литар млеко во маркет во Скопје е 0,83 евра, додека во Сочи се продава по просечна цена од 0,86 евра. Килограм јаболка во нашите маркети чини 0,74 евра во просек, додека во Сочи достигнува цена од 1,23 евра.

Билет за едно возење со локален превоз во Скопје чини 0,57 евра, a во Сочи треба да се платат 0,38 евра. Старт на такси услуга кај нас е околу 0,65 евра, а во Сочи чини 1,45 евра.

Изнајмување стан во центарот на градот со една спална соба кај нас е околу 228 евра, а во Сочи се издвојуваат 453 евра. Кога станува збор за купување стан во централното градско подрачје, кај нас просечната цена е 1.225 евра за метар квадратен, а во Сочи изнесува 2.197 евра.

Просечната месечна нето плата кај нас е околу 389 евра, во Сочи околу 403 евра.

Фото: Pexels