Скопје vs Софија

148

Нашиот главен град од бугарската престолнина е оддалечен околу 3 и пол часа возење. Со помош на податоците на Numbeo ќе направиме споредба во трошоците на живот во Скопје и Софија.

Па така, целосен оброк за двајца во ресторан во Скопје чини околу 17,82 евра, додека во Софија за истата намена ќе треба да се плати 25,56 евра или 43% повеќе. Една шолја капучино во кафуле во Скопје има просечна цена од 1,35 евра, а во Софија 8,55% поевтино или 1,23 евра. Во истото тоа кафуле или ресторан, ако порачате вода од 0,33 литри, во Скопје ќе ви наплатат 0,78 евра, а во главниот град на Бугарија 0,59 евра, што е 23% поевтино.

Еден литар млеко во маркет во Скопје е 0,83 евра, додека во Софија се продава по просечна цена од 1,04 евра или 25% повеќе. Килограм јаболка во нашите маркети чини 0,74 евра во просек, додека во Софија достигнува цена повисока за 42% или околу 1,05 евра.

Билет за едно возење со локален превоз во Скопје чини 0,57 евра, во Софија 44% поскапо или 0,82 евра. Старт на такси услуга кај нас е околу 0,65 евра, а во Софија 36% помалку или 0,41 евра.

Кога се работи за телекомуникациските услуги, една минута припејд разговор во Скопје е 0,10 евра, а во Софија 0,15 евра или 56% поскапо.

Приватна градинка за едно дете во Скопје просечно чини 177 евра, а во бугарскиот главен град 81% поскапо или 322 евра.

Изнајмување стан во центарот на градот со една спална соба кај е околу 228 евра, а во Софија 61% поскапо, односно 370 евра. Кога станува збор за купување стан во централното градско подрачје, кај нас просечната цена е 1.225 евра за метар квадратен, а во Софија 22% повеќе или 1.501 евра.

Разлика од 75% има кај просечната месечна нето плата, којашто кај нас е околу 389 евра, во Софија 683 евра.

Фото: Pixabay