Скопје vs Стокхолм

96

Околу 30 часа возење или околу 2.750 километри е оддалечен Скопје од Стокхолм. Преку Numbeo ќе направиме споредба на цените меѓу ова два града.

Ако се наоѓате во Стокхолм и сакате да седнете во ресторан каде што ќе имате комплетен оброк, тоа “задоволство“ ќе ве чини околу 66 евра. За иста таква услуга во ресторан во Скопје ќе одвоите 309% помалку или околу 16,25 евра.

Еден килограм јаболка во маркет во Скопје има просечна цена од 0,75 евра, а во главниот град на Шведска 229% поскапо или околу 2,46 евра. Килограм портокали во Стокхолм се продаваат за околу 2,31 евро, а кај нас просечната цена на ова цитрусно овошје му е 0,88 евра или 162% поевтино. Кутија цигари во продавница во Стокхолм се продава за 6,18 евра, додека кај нас просечната цена им е околу 2,28 евра, што е 171% помалку.

Билет за едно возење во јавен превоз кај нас има цена од 0,57 евра, а додека жителите на Стокхолм за оваа услуга плаќаат 568% повеќе или 3,80 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, смет… за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се околу 108 евра, а во Стокхолм за 35% пониски или околу 70 евра.

Над 390% има разлика во кириите на становите. Па така, изнајмување на стан со една спална во центарот на Скопје е околу 233 евра, а во Стокхолм 1.148 евра. Над 619% е разликата во продажба на недвижнините во двата града. Еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје има просечна цена од 1.228 евра, додека во Стокхолм достигнува 8.838 евра.

Просечната месечна нето плата во Скопје е околу 388 евра, а во Стокхолм вработените земаат 522% повисока плата или околу 2.419 евра.

Фото: Pixabay