Скопје vs Валета

284

Околу 1.360 километри го делат Скопје од главниот град на Малта, Валета. Ние со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа за разлика во цените.

Па така, комплетен оброк за две лица во ресторан во Скопје чини околу 16 евра, а во Валета 269% повеќе или 60 евра. Шише вода од 0,33 литри во ресторан или кафуле во Скопје е околу 0,75 евра, додека во главниот град на Малта има цена од околу 1,01 евра или 34% поскапо.

Околу 300% има разлика во цените за еден килограм јаболка. Во маркет во Скопје има просечна цена од 0,75 евра, додека во Валета може да се купат за околу три евра. Килограм портокали во Скопје има цена од 0,87 евра, а во Валета 333% повеќе или 3,75 евра.

Билет во еден правец со јавен превоз во Скопје има просечна цена од 0,57 евра, а во Валета е две евра или 252% поскапо. Околу 1.325% има разлика во цената кај почеток на такси услуга, којашто во Скопје е 0,65 евра, а во главниот град на Малта 9,25 евра.

Една минута во припејд во нормална тарифа во Скопје е околу 0,10 евра, додека во Валета е 282% поскапа или 0,37 евра.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на Скопје има просечна цена од 232 евра, а во Валета 950 евра, односно 308% поскапо. Цената на еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје е 1.228 евра, а во Валета 229% повеќе или 4.050 евра.

Просечната нето плата на жител во Скопје е околу 389 евра, а на жител на главниот град на Малта 1.069 евра, што е 174% повеќе.

Фото: Pixabay