Под мотото Се за вашиот дом!, од денеска до 15 јуни ќе се одржува Скопски Оutlet саем. Стотици производи за домот, по несекојдневни и специјални цени, ќе бидат изложени на 7.000 метри квадратни, во три хали и на повеќе од 60 штандови.
Скопски саем минатата година ја воведе оваа манифестација која има продажен карактер и е наменета само за потрошувачите. Посетителите ќе можат да купат автомобили, бела техника, опрема за дворови и тераси, алати, опрема за домаќинство, завеси, постелнина, душеци, врати, подови и други производи.
На Скопскиот Оutlet саем учествуваат повеќе компании, како Технокооп, Интер Мебел (Струмица), Интер Мобел (Тетово), Јуниор, Федербау, Фејдом, Леснина – Ми, Фатина, Софа студио, Интер фантазија, Кристина Дамил, Симак – Симпо, Југоекспорт Стил, Цептер, Тач…
Влезот за сите посетители на Скопскиот Оutlet саем е бесплатен. Организаторите очекуваат повеќе од 50.000 посетители.