Скопскиот регион има најголемо учество во БДП

Фото: Pixabay

Скопскиот регион со 43,1% има најголемо учество во бруто домашниот производ (БДП) на Македонија во 2016 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од друга страна, најмало учество има Североисточниот регион со 5%.

Поголем бруто домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143,4, Југоисточниот регион со индекс 119,1, Вардарскиот регион со индекс 105,3.

Сите други региони имаат бруто домашен производ под просекот на Република Македонија.