Во првото тримесечје од оваа година, окончани се 550 бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Тоа е скоро двојно повеќе одошто во првото тримесечје од 2020 година, кога беа разведени 297 бракови.
Дека бројот на разводи има тенденција на пораст, покажува и фактот дека во второто тримесечје се разведени 181 брак, во третото тримесечје бројката беше 357, а во последните три месеци од минатата година 540 двојки ставија крај на бракот.
Македонската статистика, исто така, покажува дека бројот на склучени бракови во првото тримесечје од оваа година е зголемен за 20,9% во споредба со 2020 година и изнесува 2.694 бракови. Во првите три месеци од минатата година, се склучени 2.229 бракови.
Анализирано по градови, Скопје е на врвот и по број на склучени (490) и по број на разведени бракови (126) во првото тримесечје од оваа година.
Фото: Freepik











