Скоро две милијарди долари ќе чини одложувањето на Олимпијадата

27

Одложувањето на олимписките игри во Токио поради пандемијата, што требаше да се одржат оваа година, ќе чини околу 1,9 милијарди долари, проценуваат организаторите.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и јапонската влада во март оваа година донесоа одлука да ги одложат олимписките игри поради неконтролираното ширење на коронавирусот.

Буџетот за одржување на Олимпијадата во Токио беше 13 милијарди долари.

Трошоците за нејзино одложување се однесуваат на исплата на персоналот, како и новиот систем за рефундирање на влезници, но не вклучува мерки за ширење на коронавирусот.

Досега Олимписките игри беа прекинувани само за време на Првата и Втората Светска војна во 1916-та, 1940-та и 1944-та година.

Фото: Freepik