Скриена порака на плакат видлива само за деца

72

reklama dete

Шпанската организација за помош на злоставувани и малтретирани деца Children and Adolescents at Risk Foundation (ANAR), креираше реклама која на децата и возрасните во исто време им покажува различна слика.

Тајната е во дизајнот кој покажува различна слика во зависност од аголот на гледање. Така, со користење на процесот лентикуларна фотографија е овозможено возрасен човек или сите повисоки од 135 сантиметри да гледаат само тажно лице на дете покрај кое пишува “Понекогаш злоставувањето е видливо само за оној што е злоставуван”. Но, кога истата реклама ја гледа дете, тоа гледа модринки на лицето на детето и порака “Ако некој те повреди, повикај не и ние ќе ти помогнеме” со телефонски број на организацијата.