Скриеното значење зад бојата на вратоврската

172

Бојата на вратоврската испраќа специфични детали за вашата личност, тврди њујоршкиот стилист и автор Дејвид Зила, додавајќи дека вашата порака ќе биде успешно пренесена доколку знаете да ја одберете вистинската боја во секоја ситуација.

Црвената, на пример, претставува моќ и страст, па не е ни чудно што многу политичари носат вратоврска во црвени тонови, комбинирана со светла кошула и темно одело.

vratovrski-2

Темните тонови како зрела вишна влијаат на градење доверба, светлите тонови се поврзуваат со креативност, додека во последно време розовата боја на вратоврска сигнализира солидарност со жените.

Виолетовата боја, која е инаку симбол за изобилие и богатство, се почесто се практикува да се носи на работа. Рос Знавор, извршен директор на една њујоршка компанија вели дека на деловните состаноци носи вилетова вртоврска, затоа што според него таа боја покажува самодоверба и му помага да остави силен прв впечаток.

Црната боја за разлика од виолетовата не е соодветна за деловни состаноци. Вратоврска со црна боја најмногу прилега да се носи на коктел забава или свечена вечера, токму поради тоа што црната боја значи софистицираност и елеганција, вели Зила.

Доколку се одлучите на црна варијанта во некоја друга прилика, постои можност да оддадете впечаток на арогантна личност или некој кој посветува премногу внимание на облекувањето.

Сивата боја е моментално во тренд и нема да згрешите ако ја комбинирате со кошула во пастелни тонови, порачува Зила.

Во однос на зелената боја, таа има повеќекратно значење, од еден вид на преродба до бојата на парите, но сепак не е најпаметен избор за на работното место.

Јака светло зелена боја го одвлекува вниманието, но вратоврска со дискретна зелена боја може да биде совршена комбинација со кошула во неутрални тонови.

vratovrski-1

Жолтата боја на вратоврска е традиционална боја во повеќе земји. Тоа е бојата на сигурноста и виталноста. Често ја ност студентите, токму поради тоа што симболизира сонце. Жолтата боја симболизира и оптимизам, па многу мажи ја избираат токму затоа, да покажат дека имаа позитивен став кон животот.

Но, сепак треба да се внимава каде се носи жолта вратоврска. Во Индија, на пример, оваа боја е наменета за трговците, додека во Кина се носи во време на жалост.

Оние кои ја претпочитаат спортската елеганција најдобро е да одберат вратоврска во земјени, природни тонови. Оваа боја се препорачува за професори, работници од областа на трговијата и услужната дејност.

Доколку се плашите дека со бојата на вратоврската ќе оставите погрешен впечаток, одберете сина боја. Таа боја асоцира на небо и море и делува смирувачки, тврди Зила.

Фото: Pixabay