Скромен милијардер – изгради модна империја, а на работа оди со велосипед

81

Марек Пиехоцки создаде богатство од милијарда долари, но полскиот бизнисмен не дозволува парите да го сменат. Коосновачот на LPP, компанија која се занимава со продажба, дизајн и производство на облека избегнува медиумско внимание и оди на работа со велосипед, а не со лимузина.

Остана ист дури и кога неговата семејна фондација акумулираше околу 1,1 милијарда долари богатство, според индексот на милијардери во Bloomberg. Акциите на LPP се зголемија повеќе од двојно од ноември.

Пиехоцки (60) инсистира да не го нарекуваат милијардер, според портпаролката на компанијата.

Пиехоцки ја започна својата деловна активност во 1991 година со Јержи Лубијанец. Првично увезуваше турски џемпери и според последниот годишен извештај на компанијата, LPP сега има повеќе од 1.800 продавници во 25 земји. Компанијата има пет брендови во своето портфолио:Reserved, House, Cropp, Mohito и Sinsay кои имаат пониски цени од западните конкуренти.

Марек Пиехоцки не е типичен моден магнат. Тој избегнува модни ревии и деловни настани. Во седиштето на LPP во Гдањск, тој нема посебна канцеларија, и претпочита да седи на слободни маси меѓу дизајнерските тимови.

LPP се соочи со тешкотии во текот на 2010 година кога пожар го опустоши неговиот погон во Бангладеш, а некои колекции беа лошо прифатени. Поради тоа компанијата изгуби клиенти.

“Бевме премногу зафатени со проширување и не можевме да видиме дека колекцијата што сакавме да ја продадеме е едноставно ужасна“, рече Пиехоцки во 2017 година. Како одговор, тој ги искористи профитите за да ги зголеми платите на дизајнерите и да ангажира повеќе. Исто така, инвестираше во е-трговијата и на вработените им обезбеди поголема автономија.

Фото: Freepik