Скромно зголемување на цената на нафтата

16

Нафтата порасна на денешното тргување во Азија, но растот на цените засега е скромен.
Како што пренесуваат странските агенции, цените и натаму главно се под влијание на тензиите во Црвеното Море, каде јеменските Хути продолжуваат да ги напаѓаат товарните бродови.

Барел Тексас нафта од 159 литри за испорака во април утринава по средноевропско време чинеше 77,23 долари, што е за 19 центи повеќе од вторникот. Во Лондон, фјучерсите на северноморската сирова нафта „брент“ за април се зголемија за 22 центи до 82,56 долари за барел.