Скршените екрани се минато – научници измислија супер флексибилен екран

37

telefon

Фото: Pexels

Кршењето на екранот на мобилниот телефон ќе стане минато, бидејќи британски научници измислија евтин флексибилен екран направен од сребро и графен, пишува Telegraph. Научниците од Универзитетот Sussex открија дека може да се комбинира графен – материјал направен од еден слој на јаглеродни атоми, со сребрени нано жици за да направат екран што изгледа вообичаено, а е поотпорен на кршење.

Овој материјал е флексибилен што значи дека на паметниот телефон нема да му биде потребно заштитно стакло, бидејќи горниот слој на екранот ќе биде направен од материјал што лесно се витка и е помалку кршлив.

“Актуелните екрани се изработени од материјал што е лесно кршлив и мора да се нанесе на тврда стаклена површина. Тој слој пука ако го испуштите телефонот на тврда површина или седнете на него. Поради нашиот изум тврдата стаклена површина нема да биде потребна бидејќи графенот и сребрените нано жици се пофлексибилни. Благодарение на нив помала е веројатноста дека дисплејот ќе пукне ако телефонот падне“, вели Метју Ларџ , раководител на проектот.