Skype meetings – бесплатна услуга за мали бизниси

19

skype sostanok

Технолошкиот гигант Microsoft ја претстави бесплатната верзија на Skype meetings, посветена на малите бизниси, пишува The Verge.

Преку Skype meetings ќе може да се прават видео разговори со 10 луѓе во првите 60 дена од користењето, а потоа онлајн состаноците ќе имаат капацитет од три луѓе. Апликацијата ќе овозможи и користење на неколку важни алатки што се користат во Skype for business, како што е Power point.

Организаторот на виртуелните состаноци преку Skype ќе добие линк преку којшто на конференцијата ќе можат да се поврзат и останатите учесници, кои мора да имаат микрофон, звучник и камера.

На почеток, оваа услуга ќе биде достапна само за мали бизниси во САД, а се очекува понатаму да се шири и во другите делови од светот.