Сламка за спас – туристички ваучери хит во земјите од регионот

78

Со цел поддршка на граѓаните и локалниот туризам, Словенија одлучи на сите полнолетни граѓани да им додели ваучери од 200 евра (вкупно 300 милиони евра) коишто ќе можат да се искористат за летување во земјата. Намената на овие ваучери е да се плаќа и финансиски да се помогне сместувањето на граѓаните во туристичките објекти во Словенија. Според најавите, истите не можат да се користат за плаќање во ресторани или други угостителски објекти.

Владата на Република Српска, најави дека наредните денови ќе претстави програма за помош на туризмот, што ќе предвидува доделување на ваучери на граѓаните од овој ентитет, а ќе може да го искористат во домашните туристички објекти.

Пред тоа, тамошната Стопанска комора, во соработка со претставници на хотелската и туристичката индустрија, предложи Република Српска да дистрибуира ваучери во вредност од 2,5 милиони евра, така што на сите возрасни граѓани им се доделат 50 евра кои ќе бидат потрошени во туристичките капацитети на Република Српска.

Во Србија пред неколку дена започнаа апликациите за употреба на ваучери за одмор.

Пензионери, студенти и вработени чија плата е помала од 70.000 динари или околу 595 евра ќе можат да аплицираат за користење на нови 400.000 ваучери за одмор во Србија.

Во моментов, на околу 1.500 туристички објекти им е дозволено да примаат гости со ваучери.

Инаку и во нашата земја околу 100.000 граѓани ќе може да добијат и ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари и платежна картичка од 3.000 денари. Ваучерот ќе може да се користи во домашни хотели и други сместувачки капацитети, а платежната картичка за домашни производи и услуги.

Фото: Pixabay