Slate – функционална дрвена подлога за лап топ

150

drvena podloga 1

The Slate е подлога за лап топ компјутер што може да ја користат бизнисмени, студенти, дизајнери и сите оние чија професија или хоби е поврзана со работа пред лап топ.

Slate е направена од бамбусово дрво, па од таа причина е лесна, супер силна подлога што овозможува струење на топлината од лап топот. На подлогата има доволно место за да се постави компјутер, глувче, мобилен телефон или таблет.

Slate-Mobile-LapDesk-g

Дупките за проветрување поттикнуваат струење на топлиот воздух што се ослободува од работата на компјутерот и ја намалува тежината на подлогата. Со тоа, Slate е стабилна, лесна и функционална подлога во исто време.

Зад нејзиниот дизајн стои младиот американски претприемач Нејтан Мумерт.

slate