Слатка и здрава бонбониера од Виталиа

104

Vitalia bonboniera oglas v2 EMBEDED

Виталиа Бонбониерата е новиот иновативен продукт на македонскиот бренд за здрава храна.

Истиот е оригинален десерт подготвен од интегрални жита, суво овошје и јаткасти плодови структуирани во ексклузивно пакување. Сето е засладено со природни засладувачи како што се малтекс, маџун, јаворов сируп и кафеав шеќер. Виталиа бонбониера е сладок десерт за сите љубители на здравата исхрана кои не можат да им одолеат на слатките задоволства. Премиум пакувањето е идеален подарок при различни пригоди, како знак на внимание и грижа за здравјето на најмилите.

Виталиа Бонбониерата, The Finest dessert selection, содржи 16 уникатни и единствени житни коцки, со различни вкусови. Производот е достапен за продажба во сите супермаркети, локални маркети и продавници за здрава храна.