Слатка одмазда: Банката одбила да му даде кредит, а 18 години подоцна ја купи

643

Адам Диринг (39) ја купил зградата на банката којашто одбила да му даде кредит за да започне свој бизнис, со објаснување дека е многу млад и неискусен.

“Минатата недела ја купив зградата на банката за 450.000 фунти во којашто бев одбиен за кредит од 10.000 фунти на 21 година“, напиша британскиот бизнисмен на Instagram.

Пред скоро две децении, Адам направил бизнис план и договорил состанок со менаџер на банката во градот Урмстон, за да добие заем.

“Кога имав 21 година ја напуштив работата како продавач бидејќи знаев дека можам да покренам успешен бизнис, но немав пари, па ми беше потребна позајмица. Им го претставив целиот бизнис план и побарав 10.000 фунти, но менаџерката не ме сфати воопшто сериозно иако и срцето и душата ги вложив во тој план. Кога ми кажа дека сум млад и неискусен и дека затоа не сака да ризикува, бев скршен. Бидејќи немав пари, четири месеци им се јавував на луѓе од подот, бидејќи немав средства ниту за маса и столица. Имаше многу моменти кога помислував дека дошол крајот, но одбивав да се предавам“, вели Диринг.

Тогаш се чувствувал понижено, исфрустрирано и тажно и како што вели немал план Б.

Веќе ја напуштил работата, а со заштедата платил кирија за три месеци за канцеларија и телефон од каде се јавувал на потенцијални клиенти.

Но, и покрај проблемите неговиот бизнис сепак успеал.

Денес им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а исто така тој е и мотивациски говорник.

Фото: Printscreen Instagram