Славеј лани прокнижи добивка од 6,4 милиони денари

35

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.479.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на Славеј беше 7.633.000 денари.

“Падот на добивката во 2015 година за 11,83% во споредба со добивката за истиот период од 2014 година се должи на опаѓање на цените на одредени производи по регулатива на фондот, зголемување на трошоците за суровини и материјали и трошоци за нови вработувања“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година изнесуваа 203.582.000 денари, додека една година претходно беа 181.662.000 денари.