Славеј заклучно со 31.12.2016 година прикажа 7,8 милиони денари добивка

42

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика, Славеј од Скопје, во билансот на успех прикажа 7.811.000 денари добивка за периодот јануари – декември 2016 година.

Една година претходно, компанијата прикажа позитивен финансиски резултат од 6.479.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Славеј, заклучно со 31.12.2016 година, изнесуваат 202.017.000 денари, додека на крајот на 2015 година беа на ниво од 203.582.000 денари.

Основна дејност на Славеј е производство на ортопедски помагала, како и трговија на големо со фармацевтски производи и трговија на мало со медицински препарати и ортопедски помагала во специјализирани продавници.