Следната генерација на Kia Optima доаѓа во декември

54

Со закажана премиера во декември, третата генерација на Kia Optima според објавените рендери ќе донесе целосно нов дизајн внатре и надвор. Според производителот на автомобили, севкупната нова Kia ќе се развива од седан во елегантен fastback модел, со спортски смели стилски елементи кои создаваат интензивна и футуристичка слика.

Покрај наклоната покривна линија, клучните надворешни измени вклучуваат и ново лице дефинирано со агресивните фарови и вдлабната решетка, кои формираат единствен континуиран елемент. Kia го нарекува ова “Тигарско лице“ и вели дека елементот ја покажува насоката на дизајнот на следната генерација на марката и ќе се применува кај сите идни модели.

Она што може да се забележи од скиците, е еволуцијата на задниот дел на моделот, каде LED светлата се поврзани со осветлена лента, но светлосниот потпис се состои од многу фрагментирани сегменти. Сепак овие се само скици, но јасно е дека новата Optima ќе изгледа многу понеконвенционално од сегашниот модел.

Кога станува збор за ентериерот, Kia вели дека го следи концептот којшто е ориентиран кон возачот, така што нуди многу простор и отвореност. Контролната табла има целосен дигитален инструмент панел, веднаш до централниот дисплеј на широк екран, ориентиран кон возачот. За системот AVN (Аудио видео навигација) се вели дека нуди футуристички квалитет на сликата преку тридимензионалниот главен екран.

Преземено од Avtoplus.mk