
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на самитот на лидерите на Г20 во Индија, ќе се фокусира на реформирање на Светската банка и повикување на другите мултилатерални развојни банки да ги зголемат кредитите за климатски промени и инфраструктурни проекти, објави Белата куќа.
„Тоа е еден од нашите главни фокуси на Г-20 – исполнување на агендата со фундаментално преобликување и проширување на мултилатералните банки за развој, особено Светската банка“, изјави за новинарите во вторникот советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, објави Ројтерс.
Тој рече дека е познато дека овие институции се дел од ефективни алатки за мобилизирање транспарентни, висококвалитетни инвестиции во земјите во развој.