Словаците заинтересирани за Југоремедија

37

jugoremedijaСловачки компании се заинтересирани за купување на српската фармацевтска компанија Југоремедија во стечај и за приватизација на Минел трансформатори. На состанокот на министрите за финансии и економија Млаѓан Динкиќ и словачкиот министер за економија Томаш Мататински, словачката страна покажала интерес за овие две компании.

Како што пренесуваат српските медиуми, министрите разговарале за можни инвестиции на словачки компании во некои области.

Србија и Словачка имаат избалансирана надворешно трговска размена, која во 2012 година изнесувала 394 милиони евра, при што Србија остварила мал суфицит во износ од 660.000 евра.