Словенците создадоа хмељ со арома на овошје

74

3cd432f2c9ed64fd3394e0ea0d979595Стручњаци од Словенија, преку вкрстување на повеќе видови, добија хмељ со арома на праска и и цвеќе, како и хмељ со арома на тропско овошје за кои странските пивари веќе пројавиле интерес, пишува љубљанскиот весник Dnevnik.

Биологот Андреа Черенак од Институтот за хмељ и пиво, која и самата поседува генетска банка за различни видови на хмељ, за весникот изјави дека тестирањето на такви нови сорти е тренд во светот последниве години. Целта на тоа е да се добие хмељ со различни ароми кои подоцна би се осетиле во пивото.

Како што пишува словенскиот весник, интерес за пиво со различни овошни и други вкусови, но без вештачки додатоци, покажуваат многу од помалите пивари, а истото ќе смее да се продава и во Германија, каде според традиционалниот закон за чистотата на пивото, тоа не смее да содржи ништо друго освен хмељ, јачмен и вода.

Стручњаците од словенскиот институт за хмељ и пиво уверени се дека нивните нови сорти на хмељ ќе бидат прифатени и од земјоделците и од производителите на пиво, иако целиот процес е уште во фаза на тестирање, се вели во весникот.