Словенечка фирма им плаќа по 70 евра на работниците кои се вакцинираат

36

Словенечката компанија ETI ќе им плати по 70 евра на сите работници кои ќе се вакцинираат против коронавирусот, јавува агенцијата Хина.

Фирмата којашто се занимава со производство на електрични уреди и опрема ќе биде прва во Словенија што се одлучила финансиски да ги стимулира работниците да се вакцинираат.

Мерката ги опфаќа не само редовно вработените, туку и оние кои се привремено ангажирани преку агенции за вработување, а потребно е само до средината на август да докажат дека се вакцинирани.

“Со ова сакаме финансиски да ги стимулираме нашите вработени да се вакцинираат и да обезбедиме безбедно окружување за работниците“, рекол Томаж Бергинц, директор на компанијата.

Додал дека нивната компанија извезува дури 90% од своите производи, поради што не може да си дозволи големи прекини во производството поради боледување на работниците.

Вакви слични финансиски стимулации вовеле и големи корпорации од типот на Starbucks, McDonald’s, Aldi и Lidl.

Фото: Pixabay